Врз основа на член 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а. д. Битола НО. бр.02-2482/I-2 од 26. 3. 2015 година (пречистен текст) и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола НО бр. 02- 5494/1/II.1-1 од 31.3.2016 година,
СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА БАНКАТА
38. седница на Собранието на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола, на ден 27.4.2016 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Хотел „Капри“ – Битола, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I Процедурален дел
1. Отворање на Собранието
2. Избор на работни тела
2.1 Избор на претседавач
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови
3. Констатирање на кворум за работа на Собранието
II. Работен дел
1. Разгледување на записник од 36. седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 25. 3. 2015 година;
2. Разгледување на записник од 37. седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 16. 12. 2015 година;
3. Годишен извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2015 година, со:
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката;
- Одлука за усвојување Годишниот извештај и Мислењето од Надзорниот одбор;
4. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола за 2015 година, од аспект на поединечните членови и колективно, со:
- Одлука за одобрување на Извештајот;
5. Извештај за работата на Одборот за ревизија на Стопанска банка а.д Битола за 2015 година, колективно и од аспект на поединечни членови, со:
- Одлука за усвојување на Извештајот;
6. Годишен извештај за работата на Секторот за внатрешна ревизија за 2015 година, со:
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката;
- Одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето од Надзорниот одбор;
7. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на Стопанска банка а.д. Битола по годишна сметка за 2015 година со мислење на Друштвото за ревизија ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје, со
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката;
- Одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето од Надзорниот одбор на Банката;
8. Годишна сметка на Стопанска банка а.д Битола за 2015 година, со:
- Одлука за усвојување на годишната сметка;
9. Деловна политика, развоен и финансиски план на Стопанска банка а.д. Битола за период 2016-2020 година, со
- Мислење од Надзорниот одбор на Банкатa;
- Одлука за усвојувањe на деловната политика, развоен и финансиски план на Стопанска банка а.д. Битола за период 2016-2020 година и Мислењето од Надзорниот одбор;
10. Одлука за усвојување на листата на нето-должници;
11. Одлука за соодветност на Кодексот за корпоративно управување на Стопанска банка а.д. Битола
12. Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка за 2015 година на Стопанска банка а.д. Битола
13. Одлука за избор на Друштво за ревизија за период од 2016-2017 година
14. Одлука за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност (корпоративна обврзница) по пат на јавна понуда (прва емисија на долгорочни хартии од вредност)
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер, кој има намера да учествува на Собранието на банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието), најдоцна 1 час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават во Банката – Сeктор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор – референт за седници.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на банката и со Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.com.mk.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог-одлуки по точките од дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Барање за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред, предлагање на одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од испраќањето на јавниот повик за одржување на Собрание на друштвото. За подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.com.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во библиотеката на Банката (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр. 21, Битола како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.com.mk.
Стопанска банка а.д. Битола