Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, СО бр. 02-6487/1/II-7 oд 4.5.2023 година (пречистен текст), и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување седница на собрание на акционери, НО бр. 02-6585/1/I.1-1 од 30.5.2024 година,
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
53. седница на собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола на 3.7.2024 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр.21, сала за состаноци на III кат, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I. Процедурален дел
1. Отворање на Собранието
2. Избор на работни тела
2.1. Избор на претседавач
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови
3. Констатирање кворум за работа на Собранието
II. Работен дел
1.Разгледување на записникот од 52. седница на Годишното собрание на акционери,одржано на 25.4.2024 година.
1.1. Писмена исправка по записник од 52. седница на Собрание на акционери
2. Одлука за престанување на важност на одлуката СО бр. 02-5332//1/II-8 oд 25.4.2024 година за именување членови на Надзорен одбор
3. Предлог-одлука за именување членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
4. Предлог-одлука за измени и дополнувања на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер што има намера да учествува на седница на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание (контакт телефон 02/3087276 и 047/207507) или на електронска адреса kabinet@stbbt.com.mk.
Пријавите да се достават во Банката – Дирекција за Кабинет на Управниот одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се одвива во согласност со Статутот и со Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено на адреса на седиштето на Банката на ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр. 21 или на електронска адреса kabinet@stbbt.com.mk. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштва и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Во согласност со Законот за трговски друштва, aкционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Собранието на акционери на Банката, односно најдоцна до 7.6.2024 година до 16:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во просториите на Стопанска банка а.д. Битола (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21 Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.
Стопанска банка а.д. Битола