Надзорен одбор

Гордана Гацева

Претседател и независен член на Надзорниот одбор

Гордана Гацева по професија е дипломиран правник, магистер по правни науки. Додипломските студии ги завршува на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. По завршување на додипломските студии успешно го положува и правосудниот испит. Постдипломските студии ги завршува на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на отсекот по деловно право и се стекнува со титула магистер на правни науки.

По комплетирање на формалниот дел на образованието, во периодот од август 1992 година до декември 1993 година, Гордана Гацева работи како референт за работни односи во Сковин Скопје. Во периодот од јануари 1994 до септември 1999 година работи во Основниот суд Скопје 2 Скопје. Понатаму, од април 1999 година до септември 2004 година работи како раководител на правен сектор во Радобанка АД Скопје. Од октомври 2004 до денес, Гордана Гацева работи како адвокат партнер во Адвокатското друштво Трпески и Гацева во Скопје.

Гордана Гацева ја извршува функцијата независен член на Надзорниот одбор од октомври 2022 година.

На ден 9.11.2023 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-15514/1/I-1 г-ѓа Гордана Гацева е именувана за претседател и независен член на Надзорен одбор.

Борислав Атанасовски

Заменик претседател и член на Надзорниот одбор

Господин Борислав Атанасовски е дипломиран економист и овластен ревизор и поседува богато професионално искуство во оваа областа.

Имено, своето работно искуство го започнува во 1980 година во Службено општествено книговодство (СОК) Скопје (Одделение за ревизија) каде работи на позицијата виш ревизор се до 1991 година. Во периодот од 1992 до 1994 година работи како Менаџер во Куперс и Либранд (сегашно Прајсвотерхаускуперс). Во периодот од април 1994 до 2020 година е партнер и сопственик на Друштвото за ревизија, проценка и финансиски консалтинг ”Б И Љ, Боро и Љупчо” ДОО Скопје.

Од јануари 2020 година- тековно, г. Борислав Атанасовски е партнер и сопственик на Друштвото за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски ДОО Скопје.

Видно од неговата кратка биографија г. Борислав Атанасовски извршувал и низа функции во претходниот период.

Имено, од 2003 година до 2008 година ја извршувал функцијата член на Надзорен одбор на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија

Од 2009 година до 2018 година бил Претседател на Управен одбор на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија.

Во периодот од 2008 година до 2020 година ја извршувал функцијата Независен член на Надзорен одбор  на НЛБ Банка АД Скопје.

Во периодот од 2016 година до 2021 година бил независен член на Одбор за ревизија на НЛБ Банка, Приштина, Косово.

Господин Борислав Атанасовски е овластено лице - претседател на професионално (струково) здружение Македонска асоцијација на овластени ревизори ОДИТОР Скопје како и содружник/основач  со удел од 39.61% во вкупната главнина на Друштвото за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски ДОО Скопје.

На ден 9.11.2023 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-15514/1/I-2 г-дин  Борислав Атанасовски  е именуван за заменик претседател на Надзорен одбор.

Стевчо Јолакоски

член  на Надзорен одбор

Стевчо Јолакоски е дипломиран правник, доктор на науки од областа на безбедноста.

Својата професионална кариера ја започнува во 2001 година прво како приправник во Основен суд Скопје 2 ‒ Скопје, а потоа како стручен соработник кај адвокат, понатаму својата кариера ја продолжува на позиција правник во ТИМ ДОО Скопје, а од 2006 година до денес е вработен во Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија. Во моментот е на работна позиција државен советник за патен сообраќај.

Функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола ја извршува од 2017 година.


Гордана Темелковска Костовска

Член на Надзорен Одбор

Гордана Темелковска - Костовска е дипломиран економист, магистар по економски науки и меѓународна трговија. Својата професионална кариера ја започнува во 1992 година работејќи во секторот зафинансии во Друштвото Марсонија Комерц Скопје.

Од 1993 до 2000 година, ГорданаТемелковска - Костовска првично работи како раководител на секторот за финансии, а подоцна и како финансов директор во РАДОМАК ДОО Скопје. Во периодот од 2000 година до 2005 година работи како финансов директор во ТД Агрохемија Комерц Скопје. Во периодот од 2005 до 2013 година, работи како финансов директор во Адриа ЕрвејсМакедонија Скопје.

Од јули 2013 година до денес е раководител на Одделот за финансии и сметководствени работи во РУЛЕ ТУРС ДОО Скопје.

Во октомври 2016 година, Гордана Темелковска - Костовска се здобива со лиценца за овластен сметководител издадена од Министерството за финансии.

Гордана Темелковска – Костовска ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Банката од април 2020 година