Управен одбор

Александра Радевска

Претседател и член на Управниот одбор

Александра Радевска е родена на 25.11.1979 година во Скопје. По професија е дипломиран економист од областа сметководство и ревизија. Вo 2002 година се здобива со високо образование на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршување на додипломските студии, во септември 2010 година на Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија стекнува уверение за овластен ревизор. Во јуни 2011 година ги завршува  постдипломските студии, исто така на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје и ја стекнува титулата магистeр по економски науки од областа на сметководството и ревизијата.

Од 2013 година, од страна на Советот за унапредување и надзор на ревизијата добива лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор.

По завршувањето на формалниот дел од образованието, во периодот од март 2003 до јуни 2003 година работи на позицијата асистент за ревизија во Друштвото за ревизија „Б и Љ Ревизија“ ДОО Скопје. Од октомври 2003 година до декември 2009 година работи на повеќе работни позиции: од асистент до шеф на ревизија во Друштвото за ревизија „КПМГ Македонија“ ДОО Скопје.

Понатаму своето професионално искуство го гради на позицијата менаџер за ревизија во Друштвото за ревизија „Грант Торнтон“ ДОО Скопје. На оваа позиција работи од декември 2009 година до март 2012 година.

Во периодот од март 2012 година до март 2019 година работи на позиција раководител на Сектор за ревизија во „Орка холдинг“ АД Скопје.

Од март 2019 година ја извршува функцијата директор на Сектор за финансии и сметководствени работи во „Орка холдинг“ АД Скопје.

Александра Радевска, покрај нејзиниот работен ангажман, од април 2013 година ја врши функцијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а од септември 2019 година е член и претседател на Одборот за ревизија на Банката.

Александра Радевска ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во неколку мандати од април 2013 година до јуни 2023 година.

Од јуни 2023 година, Александра Радевска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а под нејзина одговорност се следниве сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за финансии, Сектор за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, Сектор за управување со инвестиции и имот и Сектор за правни работи и решавање проблематични пласмани.

На ден 9.11.2023 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-15514/1/I-9 г-ѓа Александра Радевска е именувана за претседател и член на Управен одбор.

Информации за контакт: 

тел: (02) 30 87 251

stbbt@stbbt.com.mk

Борислав Атанасовски

Вршител на должност член на Управен одбор

Господин Борислав Атанасовски е дипломиран економист и овластен ревизор и поседува богато професионално искуство во оваа областа.

Имено, своето работно искуство го започнува во 1980 година во Службено општествено книговодство (СОК) Скопје (Одделение за ревизија) каде работи на позицијата виш ревизор се до 1991 година. Во периодот од 1992 до 1994 година работи како Менаџер во Куперс и Либранд (сегашно Прајсвотерхаускуперс). Во периодот од април 1994 до 2020 година е партнер и сопственик на Друштвото за ревизија, проценка и финансиски консалтинг ”Б И Љ, Боро и Љупчо” ДОО Скопје.

Од јануари 2020 година- тековно, г. Борислав Атанасовски е партнер и сопственик на Друштвото за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски ДОО Скопје.

Видно од неговата кратка биографија г. Борислав Атанасовски извршувал и низа функции во претходниот период.

Имено, од 2003 година до 2008 година ја извршувал функцијата член на Надзорен одбор на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија

Од 2009 година до 2018 година бил Претседател на Управен одбор на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија.

Во периодот од 2008 година до 2020 година ја извршувал функцијата Независен член на Надзорен одбор  на НЛБ Банка АД Скопје.

Во периодот од 2016 година до 2021 година бил независен член на Одбор за ревизија на НЛБ Банка, Приштина, Косово.

Господин Борислав Атанасовски е овластено лице - претседател на професионално (струково) здружение Македонска асоцијација на овластени ревизори ОДИТОР Скопје како и содружник/основач  со удел од 39.61% во вкупната главнина на Друштвото за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски ДОО Скопје.

На ден 9.11.2023 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-15514/1/I-2 г-дин  Борислав Атанасовски  е именуван за заменик претседател на Надзорен одбор.

На ден 14.10.2024 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-12315/1/I-1 г-дин  Борислав Атанасовски  е именуван за вршител на должност член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола.